Коѕијас: Соседите да покажат сериозност и да не преговараат преку интервјуа
Лидерите на соседната земја да сфатат дека не може да се преговара преку интервјуа и јавни изјави, вели шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас од Луксембург по Советот за надворешни работи на ЕУ.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, Никос Коѕијас по состанокот со неговите колеги од Унијата, рече дека освен за ситуацијата во Сирија и нуклеарната програма на Иран, разговарале и за земјите од Западен Балкан, а тој информирал за текот на преговорите со нашата земја и Албанија.
- Објаснив каде се наоѓаат нашите преговори со Албанија и со ПЈРМ и исто така ја потенцирав потребата лидерите на последната да разберат дека не може да се водат преговори преку интервјуа и континуирани јавни изјави. Дека треба да покажат сериозност и да прифатат еден метод што ќе не одведе до решение, рече Коѕијас
Ново на Сител
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто