Коѕијас пристигна на аеродромот во Скопје - продолжуваат преговорите за името | Сител Телевизија
Македонија
22. March 2018 - 21:26

Коѕијас пристигна на аеродромот во Скопје - продолжуваат преговорите за името

Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас пристигна во дводневна посета на Македонија, како дел од преговорите во спорот со името. Коѕијас пристигна на аеродромот во Скопје со авион со грчки национални ознаки што е прв таков авион кој слетал на овој аеродром по 12 години. Претходно, тој одбиваше да дојде во Скопје со авион поради името на аеродромот  - „Александар Велики“ кое недомна како чин на добра волја од македонската влада беше сменето во „Меѓународен аеродром – Скопје“.

Коѕијас вечерва веше на работна вечера со неговиот колега Димитров. Утре го чека набиена агенда. Така, освен со македонскиот колега тој е на средба и со премиерот Заев, потоа со вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, со собранискиот спикер Талат Џафери и со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ – Христијан Мицкоски и Али Ахмети. Не е предвидена средба Коѕијас  - Иванов.

Целта на посетата е една – пеглање на  разликите од двете нацрт спогодби што ги подготвија секоја од страните, особено во делот на употребата на името,  Уставот и идентитеските прашања. Сепак, како што рече премиерот Заев овие две нацрт спогодби се смао алатка за постигнување на една кончена драфт Спогодба која на крај теба да произле од медијаторот Метју Нимиц.

Денеска претпладне „Народен фронт за спас на Македонија“  организираше протестен марш против промена на уставното име на Република Македонија. Маршот почна од Триумфалната порта, а заврши пред Министерството за надворешни работи. И вечерва Коѕијас беше пшречекан со протест од неколку стотина граѓани.

Протести пред министерството за надворешни работи се најавени и за утре.

Грчкиот министер за надворешни работи успешно ги одбегна медиумите и на скопскиот аеродром и пред хотелот Мериот кој има поглед на споменикот  на Алекксандар Велики на плоштадот.  Наредната средба на Коѕијас  - Димитров, која се оценува и како клучна во прегворите е закажана за 30 март во Виена, кога приустен ќе биде и медијаторот Нимиц.