Loading Video...
Македонија
23. October 2018 - 16:18

Коѕијас: Преспанскиот договор е во корист на грчките национални интереси

Преспанскиот договор е во коирст на грчките национални интереси, порача од Крит поранешниот шеф на дипломатијата . Коѕијас зборувајки на настан организаиран од неговото движење Прато, истакна дека со спогодбата се стабилизираат грчките граници како и целиот регион

– Сакаме најблискиот наш сосед да е под влијание, под контрола на трети сили како што е Турција? Сакаме, како што сакаат некои, распаѓање на една држава на Балканот, да ја дестабилизираме и да се подели оваа земја меѓу Бугарија и Албанија? Или сакаме да имаме стабилност на Балканот, стабилност на границата, развој на влијанието на нашата земја во регионот и да можеме да правиме сојузништво?

На оние што го критикуваат преспанскиот догвор Козијас им одговори  дека МАкедонија никогаш не била само грчка, и дека со букурешкиот догвор од 1913 година територијата била поделена на три дела.  Но , според екс минисерот, заслуга на неговата диипломатија  и преспанскиот догвор е што земјата е преименувана во Северна МАкедонија , со обврска да се откаже од сите иредентистички симболи.  

Како пример за тоа колку е важно ова праоање во  домапната политика,,  Коѕијас го спомена префектот на грчката област Западна Македонија Теодорос Карипидис кој ја загуби поддршката на Прато поради неговото несоглсување со догворот од Преспа

– Сега ние не го поддржуваме, СИРИЗА го поддржува. Прашање: Зошто ние не го поддржуваме? Бидејќи се постави и гласаше против Договорот од Преспа на советот на префекти. Или веруваме во Договорот од Преспа или не веруваме. Тој не е за префект. Можеби е за градоначалник, за општински советник, за пријател во таверна, но за префект кој е точно под ПЈРМ и вели дека договорот е предавнички, јас не можам да го поддржам.

Во мегувреме , лидерот н грчката партија Потами Ставрос Те0даракис порача дека со  догворот од Преспа  иако не е совршен , ќе се надминат проблемите на северната граница и Атина тогаш че се фокусира на вистинските проблеми копии доагаат од истокот. Сепак гласот за догвот нема да биде и глас за Сириза, истакнуваат од Потами.