Коѕијас на Твитер: Сакаа длабоко да ме закопаат, но заборавија дека сум семе
Сакаа длабоко да ме закопаат, но заборавија дека сум семе, порача шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас преку неговиот Твитер профил, кусо по поднесената оставка, користејќи делови од песна на грчки композитор и поема на грчки поет.
- Доаѓа моментот, вели поетот, да одлучиш со кои ќе одиш и кои ќе ги напуштиш. Премиерот и низа министри на вчерашната владина седница го направија нивниот избор и јас мојот. Но, добро е да го запаметат стихот: длабоко да ме закопаат сакаа, заборавија дека сум семе.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, шефот на грчката дипломатија, во првиот дел цитираше стих од песна на познатиот грчки композитор, изведувач и текстописец Дионисис Савопулос (доаѓа моментот да одлучиш со кои ќе одиш и кои ќе ги напуштиш) додека пак последниот дел, стихот што треба да го запаметат, како што вели Коѕијас,е од поетот Динос Христианопулос.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово