Коѕијас: Мора да се најде компромис за прашањето за името
Мора да се најде компромис за прашањето за името за да се отвори патот на Македонија кон ЕУ и другите организации во кои сака да се приклучи, вели грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас во интервју за весникот „Етнос“.
- Во случајот со ПЈРМ, нашите соседи веруваа дека можат да продолжат со приклучување кон овие организации без договор со нас, нешто што е невозможно, додека некои од нас, пак, веруваа дека инертноста во надворешната политика е наше оружје, наведува Коѕијас.
Нагласува дека и Атина и Скопје сега сфатиле дека треба да работат врз основа на консензус и компромис.
- На сите наши соговорници сега им е јасно дека мора да се најде чесен компромис за прашањето за името со нашиот северен сосед. Вистина е, исто така, дека некои од ЕУ во минатото создаваа илузии дека патот кон членство во Унијата и во други организации може да биде отворен без компромис, наведува Коѕијас, прашан дали е сега моментумот за решавање на спорот за името со Скопје.
Како што веќе објави МИА, по подолга пауза, разговорите за името меѓу Македонија и Грција со посредство на претставикот на ОН Метју Нимиц, ќе продолжат во Брисел на 11 и 12 декември.
Ново на Сител
-
Претрес во Судскиот совет
-
Одбележани 80 години од постоењето на Земјоделски институт
-
Претрес во Судски совет
-
Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-
Силјановска Давкова ги критикуваше ДУИ за Уставниот суд
-
Артан Груби се повлече од јавниот живот и ДУИ откако беше ставен на црната листа на САД
-
Сопругата на градоначалникот на Радовиш избрана на член на Судскиот совет, СДСМ обвинува за скандал
-
Укината пресудата за Беса Транс