Македонија
19. јуни 2018 - 16:26

Коѕијас: Грција не даде ништо за да добие нешто во замена

Не дадовме ништо за да добиеме нешто во замена, направивме најдобар договор, вели шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас во интервју за грчка Антена откако беше обвинет дека во замена за договорот овозможил економски олеснувања за земјата.

Смета дека со договореот се земени предвид интересите на двете страни и дека со ваков договор може да се живее во мир. Во однос на реакциите за употртебата на македонски за јазикот и државјанството Коѕијас вели дека тоа било неизбежно.

Во однос на прашањето Македонија и Македонци, тоа е она што тие во преговорите, го поставија како главна тема за која не преговараат, да го задржат нивното самоопределување. Ако не им го дадеш, го негираш највисокото право признаено од ОН и меѓународното право за самоопределување, односно правото да се именуваат онака како што тие сакаат. Ако го сторевме тоа, немаше да има договор.

Шефот на грчката дипломатија изрази надеж дека договорот ќе биде ратификуван во грчкиот парламент и покрај несогласувањата од коалициониот партнер во владата, дека сепак ќе биде поддржан не од Независни Грци, туку од пратеници на опозициските партии.

На прашањето зошто и во Грција нема да се одржи референдум, Коѕијас рече дека тие не менуваат Устав или име за да треба народот да одлучува.