Коѕиас: САД ја препознава посебната улога на Грција
Улогата на Грција во кревките геополитички околности и во регионалниот нестабилен триаголник, како и прашањата за безбедноста на Блискиот Исток, во источниот Медитеран и на Балканот доминирале на средбата во Вашингтон меѓу грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас и советникот за национална безбедност на американскиот претседател, генерал-полковник Херберт Рејмонд Мекмастер.
Коѕиас на средбата се осврнал на „значајната улога на Грција во регионот и иницијативите преземени за да се стабилизира климата“.
- Поставивме голем број институции и ги зајакнавме односите со земји како Египет, Израел, Либан, Јордан и Палестина. Имаме средби со четири земји од Балканот, како и прекугранична соработка, а ќе ја зајакнеме и соработката Грузија и Ерменија и ќе ја покажеме посебната улога која Грција може да ја има во регионот, изјави шефот на грчката дипломатија по средбата.
Покрај тоа, Коѕиас истакна дека „американската страна ја препознава посебната улога на Грција“.
Ново на Сител
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Филип Рикер, поранешен амбасадор на САД во Македонија
-
„Алкалоид“ пушти во употреба нов светски погон за производство на лекови вреден 19.4 милиони евра
-
Четири години Македонија членка на НАТО
-
Гир: Не е точно дека ЕУ не ја сака Македонија, членството е лесно достижно