Коѕиас на министерски состанок на НАТО во Брисел
Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас утре и задутре во Брисел ќе учествува на пролетниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО, во пресрет на самитот на 8 и 9 јули во Варшава.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, меѓу прашањата за кои ќе се дискутира на собирот е и придонесот на НАТО во кризата со бегалците и мигрантите, проблемите со кои се соочува Турција и односите меѓу НАТО, ЕУ и Русија.
Во Грција се потсетува дека Црна Гора на состанокот првпат ќе учествува како набљудувач, со оглед на тоа што е потпишан релевантен протокол за пристапување.
Коѕиас на средби со колегите од Западен Балкан во неколку наврати зборуваше во корист на прием на земјите од регионот во НАТО, под услов секоја кандидатура да се разгледува одделно и да ги исполнува сите критериуми.
На состанокот ќе се дискутира и за односите меѓу НАТО и ЕУ, а ќе учествуваат и високиот претставник на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини и министрите за надворешни работи на Финска и Шведска.
Ново на Сител
-
Претседателски избори
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Владата одлучи: Деновите за гласање ќе бидат неработни за сите
-
Партиите потпишуваа кодекс за фер и демократски парламентарни избори
-
Османи лично решил Македонија да биде коспонзор на резолуцијата за Сребреница
-
ЦГК: Училиштата трошат 10 милиони евра пари на родителите без отченост и транспарентност
-
Кавга меѓу Арсовска и Костадиновска Стојчевска: Министерката ќе ја тужи градоначалничката
-
Приватните специјализанти извисија - Решение после избори