Коѕиас: Изборните резултати во САД мора да се почитуваат
Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас ја истакна потребата од почитување на изборните резултати во САД на вонредниот состанок на 28-те министри за надворешни работи на ЕУ, кој се одржа синоќа во Брисел.
Министрите се осврнаа на промените што може да ги донесе изборот на новиот претседател на САД во евроатлантските односи и прашања во врска со Европа, како што се спроведувањето на нуклеарниот договор со Иран и спогодбата за климатските промени.
Коѕиас истакна дека треба да се покаже почит без оглед на резултатите од изборите и ја истакна важноста европските одлуки да бидат разбрани и да се продолжи соработката меѓу САД и ЕУ.
- Мора да се сфати дека изборот на Доналд Трамп не е случајност, туку резултат на големи структурни проблеми со кои се соочуваат САД и со кои Европа ќе или веќе се соочува, изјави шефот на грчката дипломатија.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација