Коѕиас: Грција нема да се претвори во „складиште за бегалци“
Грција ниту има можности, ниту расоплага со доволно финасиски ресурси за да прима бегалци, кои би биле вратени од земјите од Северна Европа, изјави грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас.
- Некои земји од ЕУ сметаат дека јужна Италија и Грција можат да бидат искористени како складиште за бегалци, нагласи Коѕиас во интервју за германскиот весник „Билд“.
Осврнувајќи се на изјавата на германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер дека во Грција ќе бидат префрлени сите бегалци од Германија на кои ќе им бидат одбиени барањата за азил, Коѕиас нагласи дека неговата земја повеќе нема капацитети за прифаќање нови мигранти.
- Грција манифестираше хуманост, кога ги прими бегалците. Нов бран од бегалци во текот на престојново лето ќе ни претставува огромен товар. Итно ни е потребна поголема помош од земјите од ЕУ за да се справиме со бегласката криза, рече Коѕиас.
Според него, главен проблем на ЕУ е тоа што таа нема стратегија за решавање на оваа криза.
- Поголемиот број европски земји прифатија многу малку бегалци. Потребно е спороведување на заеднички решенија, како тоа за прераспределба на бегалците во сите земји членки, оцени Коѕиас во интервјуто за „Велт“.
Ново на Сител
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Teма на денот со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Трет ден потрага по Данка, родителите повторно во станица
-
Предизборно финале – партиите ги финализираат листите
-
Стариот парламент ќе инаугурира нов шеф на државата - конститутивна седница за новите пратеници на 28 мај