Македонија
13. August 2022 - 13:22

Коциќ: Ја ограничивме маржата на најмногу 10 отсто за дрвата и пелетите за огрев, го штитиме стандардот на граѓаните

„Донесена е Одлука со која се определува највисока трговска маржа во висина од најмногу до 10 отсто во трговијата со огревно дрво од даб, огревно дрво од бука и пелети за огрев. Оваа одлука важи за сите трговски друштва и трговци-поединци кои учествуваат во трговијата на мало во продажбата на огревно дрво и пелети за огрев, со цел да се заштитат потрошувачите од неконтролирано покачување на цените на стоките за огрев“ порача на денешната прес-конференција Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ.

Тој смета дека ова е особено важно „затоа што домаќинствата се наоѓаат во период на подготвка за грејната сезона и побарувачката за орегвно дрво и пелети е драстично зголемена“.

„Одлуката ќе се применува до 31 декември 2022 година, а нејзиното почитување ќе се контролира од надлежните институции. На сила до крајот на септември се уште важат ограничувањата на маржите на основните прехранбени продукти. Сто ова, почитувани е во насока на заштита на стандардот на семејствата од последиците што со себе ги носи глобалната економска криза“ рече Коциќ.