Македонија
7. February 2019 - 16:32

Коцијанчиќ: Новинарите треба да работат непречено – нулта толеранција за закани

Политичарите во Македонија да ја почитуваат слободата на медиумите и новинарите.. Пораката на Европската комисија ја пренесе Портпаролката Маја Коцијанчич.. Таа ги осуди изјавите на Вицепремиерот Бујар Османи и соопштението на Министерството за здравство, случаи во кои се критикува начинот на известување на медиумите.. Коцијанчич вели дека се детектирани закани за правни последици кон медиуми, па потсетува дека Европската комисија будно ги следи настаните во земјата во пресрет на одлуката за старт на преговори и од особена важност е слободата на медиумите..

„За Европската унија е многу важно новинарите да можат да си ја извршуваат задачата во атмосфера која им овозможува да работат. Нашиот извештај во 2018-та истакна дека иако постои подобрување на медиумската клима, нулта толеранција треба да има за физичко и вербално вознемирување, како и закани кон новинарите“, вели за МИА, Коцијанчич.

Реакциите од Брисел следат откако неодамна вицепремиерот Османи се закани со тужби до медиумите кои случајот со непрефрлање пари за вториот пензиски фонд го поврзувале со функционери на ДУИ.. И Министерството за здравство најави тужба за медиум кој ја објави веста дека починала жена од слепо црево поради немање слободен болнички кревет..

За случајот кој го обелодени министерката за труд и социјала, за вториот пензински фонд, Коцијанчич изјави дека Унијата очекува надлежните органи да ги истражат наводите за можни злоупотреби на јавните фондови..