Балкан
10. April 2017 - 13:25

Коцијанчиќ: ЕК очекува избор на нов спикер и влада без одложување

Европската комисија очекува сите политички лидери и институции во Република Македонија да дозволат демократскиот процес во земјата да се одвива, што според официјален Брисел вклучува и избор на нов спикер на парламентот и потоа и нова влада, без одложување.

 
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, ова денеска на прес-конференција во зградтаа „Берлемонт“ на Еврокомисијата го исткана портпаролката на неформалната Влада на Еворпската унија, Маја Коцијанчич.
            
- Ние сме гласни за тоа што очекуваме да се случи во земјата и во оваа фаза, ние го следиме развојот на настаните и постојано говориме во повеќе навратии дека мора да се почитуваат резултатите од последни парламентарни избори и сегашниот неизвесен застој и Влада мора да се воспостави без одложување, базирана на парламентарното мнозинство кое постои. Знаете дека двајцата, Високата претставничка и комесарот Хан го повикаа претседателот да ја преиспита неговата позиција. Ние сега очекуваме сите политички лидери и институции да дозволат демократскиот процес да се одвива, а ова го вклучува и изборот на нов спикер, што ние би сакале да го видиме без одложување, потенцираше Коцијанчич.
            
Очекувањата во Европската унија се дека и покрај сите неизвесности и можни негативни сценарија, неделава во Македонија да се избере нов претседател на Собранието, а потоа, во рок од две недели и да се случи избор на нова македонска влада.