-->
-->
Кочовски добитник на наградата 8-ми ноември
-->
Шахистот Иван Кочовски ја доби наградата „8 септември“ за животно дело, на свеченоста во Собранието по повод 26 години од независноста.
Беа доделени уште четири награди на истакнати спортисти, така што со ова признание се закитија и каратистот Петар Белистојановски, пливачот Александар Коцевски Џајо, ракометниот тренер Ристо Магдинчев и кајакарот Ѓокица Николовски.
Шахистот Кочовски во обраќањето пред присутните рече дека се надева дека новите генерации на шахисти ќе постигнат солидни резултати на европски и светски првенства.
„Би сакал да им се заблагодарам на репрезентативците што ги водев во изминатите 10 години на сите европски првенства. Првите настапи придонесоа да се стекнеме со самодоверба да се почитуваме себеси и другите. Тоа придонесе на повидок една нова генерација шахисти во која вложуваат повеќе шаховски школи“, рече Кочовски.
Наградата „8 септември“ по шести пат ја доделува Агенцијата за млади и спорт.
„Агенцијата за млади и спорт и понатаму силно ќе ги поддржува сите млади спортисти кои ја афирмираат Република Македонија.Истотака ќе вложува и на спортските работници и тренери кои им помагаат на спорстите да постигнат добри резултати, рече директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација