Македонија
8. February 2019 - 15:06

Кочанчанец го испразни државниот буџет за 2 милиони денари, еве што направил

Секторот за внатрешни работи Штип поднесе кривична пријава против З.А.(58) од Кочани и АМД „ЛОПЕН“ - Кочани, за сторено кривично дело „даночно затајување” . Во периодот од 01.01.2015 до 31.10.2018 година  првопријавениот, како управител на второпријавеното правно лице, наведувал лажни податоци за приходите на второпријавеното правно лице, со што се стекнал со противправна имотна корист од 2.160.635 денари на штета на Буџетот на РМ.