Кочан-ладно во Македонија: Берово најстуден град
Македонија мрзне! Берово утринава е најстуден град со измерени -6 степени. По него следуваат Битола, Дебар и Штип со -5, Струмица и Демир Капија со -4, Тетово и Скопје со -3, Прилеп, Маврово и Кавадарци -2, Крива Паланка и Куманово со -1 и Охрид, Виница, Претор и Лазаропеле со нула степени.
Три степени над нулата утринава се измерени во Тополчани, 4 во Пожар, Гевгелија и Пожаране, 5 во Крушево и Ѓуриште и 7 во Дојран.
Густа магла утринава има во Демир Капија, во делови од Скопската котлина, Куманово и во Дебар. На повисоките места дува слаб ветер од променлив правец. Попладне се очекува да дува умерен до засилен ветер од северен правец и да овозможи расеејување на маглата. Дневната температура ќе се движи од 7 до 17 степени.
Во Скопје слично време со температура до 10 степени.
Од утре ќе настапи значителна промена на времето, проследена со умерен североисточен ветер и нагло заладување, а во вечерните часови во североисточните делови на земјава ќе има има локален слаб дожд, преку ноќта ќе поминува во снег. Потоа ќе преовладува суво и релативно студено време.
Ново на Сител
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година