Македонија
9. August 2017 - 14:26

Коце Трајановски ќе се кандидира за уште еден мандат

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски најави дека ќе се кандидира за уште еден мандат на претстојните локални избори. 

- Да, планирам да се кандидирам. Тоа ќе зависи од анкетите кои ќе бидат направени и врз основа на тоа ќе видиме дали во изминатиов период сме направиле доволно и дали граѓаните се задоволни од мојата работа. И врз основа на тоа ќе биде и мојата кандидатура, рече на денешната прес-конференција Трајановски, одговорајќи на новинарско прашање.