Живот
1. April 2019 - 15:40

Кобно тропање на погрешна врата: Младо момче се збунило, ама соседот не му простил - го решил со куршум

Тинејџер во Атланта е убиен во петокот наутро откако излегол од лифт и тропнал на погрешна врата од апартманската населба каде живеел.

Според полицијата, 19-годишниот Омаријан Бенкс и неговата девојка неодамна се преселиле во нов стан во Ритрит, населба со обезбедување во јужна Атланта.

Бенкс ја користел апликацијата Фејстајм додека разговарал со својата девојка кога чукнал на вратата од погрешен стан. Набрзо се повлекол, но тогаш бил соочен со 32-годипниот Дерил Бајнс кој го застрелал Бенкс по кратка расправа.

„Го слушнав како вели, жал ми е чукнав на погрешна врата. Тогаш човекот му рече: Не, не си, Црнец, ти си во вистинската куќа.“ „И пукаше во него два пати“, рече очевидец.

„Го видов како доаѓа и се што слушнав е: Жал ми е. Ова е погрешна врата“. Одговорот беше „вие не се дошле на погрешна врата“ и пукаше во него три пати. Го видов како паѓа на земја“, рече друг сведок.

Бајнс во полција рекол дека го убил Бенкс во самоодбрана, но полицијата верува дека пукањето се случило додека момчето се обидело да побегне.