Живот
7. December 2017 - 12:54

Кобна лекарска грешка: Новородените близнаци ги прогласиле за мртви, а кога тргнале да ги погребат следувал поголем шок

Двајца лекари добија отказ откако живо бебе го прогласиле за мртво.

Во една приватна клиника во Њу Делхи на жена која родила близнаци и рекле дека децата и се мртви.

Меѓутоа додека биле на пат за погреб родителите забележале дека едното бебе е живо.

Биле во шок кога виделе дека едно од бебињата кое било во пластична вреќа почнало да се мрда и дише.

Поради оваа катастрофална грешка цела Индија се крена на нозе и почна расправа за квалитетот на медицинските услуги во приватната пракса, кои се инаку исклучително скапи.

-Додека трае истрагата, во која се вклучени стручњаци од медицинското здружение одлучивме да ги отпуштиме двајцата обвините лекари, соопштија од болницата.

Ова е веќе втор случај на покренување на тужба против приватната болница заради негрижа.

Минатиот месец во една приватна клиника почина девојче од денга треска, а нејзините родители ја обвинија болницата дека ги надувала сметките за нејзиното лекување.