Loading Video...
Спорт плус
30. December 2018 - 19:02

Кобијаши победник на првата скокалница во Оберсторф

Во натпреварот во Оберсдорф, стартуваше 67-то издание на турнејата Четири Новогодишни Скокалници.
 
Победник на првата од четирите скокалници е Јапонецот, Риоиу Кобијаши кој со скоковите од  138,5 и 126,5 метри собра најмногу бодови од судиите. 
 
На второто место заврши Маркус Ајсенбухлер од Германија (133 и 129 метри), додека трет беше Австриецот, Стефан Крафт (131 и 134,5 м.)
 
Следна „станица“ е Гармиш-Партенкирхен на 1 јануари, додека натпреварите во австриските Инсбрук и Бушесхофен на програмата се на 4 и 6 јануари.  
 
Потсетување минатата година победник на сите четири натпревари беше Полјакот, Камил Штох кој денеска заврши на осмото место.