Кошарка
30. November 2015 - 9:19

Коби Брајант става крај на кариерата на крајот од сезоната

Еден од најдобрите кошаркари во НБА лигата Коби Брајант најави повлекување од паркетот на крајот од сезоната. Во својата кариера тој настапи само за еден тим Лос Анџелес Лејкерс и освои пет титули во НБА лигата, еднаш беше МВП на првенството, а во два наврати и МВП на финалето.
 
Во „Ол стар“ тимот беше избран 17 пати.
 
Брајант (37) во последните две сезони поради повредите одигра само 41 натпревар од 164 на неговиот тим, а тоа беше и пречка да собори уште рекорди.
 
Во своето емотивно обраќање тој ја соопшти својата одлука за крајот на кариерата.
 
- Оваа сезона е се што ми остана . Моето срце може да го издржи брзиот пулс, умот може да го издржи притисокот, но моето тело ми вели доста е.
 
Неговата екипа ноќеска го загуби натпреварот на домашен терен со 103:107 од Индијана. Брајант постигна 13 поени, а најефикасен беше Пол Џорџ со 39 поени.