Свет
5. October 2025 - 14:10

Кобахидзе: Демонстрантите се обидоа да ја соборат владата, ЕУ се меша во грузиската политика

Грузискиот премиер Иракли Кобахидзе денеска изјави дека демонстрантите кои вчера се обидоа насилно да влезат во претседателската палата всушност се обидуваат да ја соборат владата.

Грузискиот премиер Иракли Кобахидзе денеска изјави дека демонстрантите кои вчера се обидоа насилно да влезат во претседателската палата всушност се обидуваат да ја соборат владата и ја обвини Европската Унија за мешање во грузиската внатрешна политика.

Британските медиуми пренесуваат дека грузиската полиција во вчерашните немири употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите пред претседателската палата и приведе пет активисти кои учествуваа во големиот протест организиран од опозицијата на денот кога се одржаа локалните избори.

MИА