Македонија
11. November 2016 - 17:20

Коалицијата за промени и правда ги достави кандидатските листи до ДИК

Коалицијата за промени и правда,  која ја сочинуваат Демократски сојуз, ФРОДЕМ, ДЕМОС И МОРО-РП, до Државната изборна комисија ги достави листите за кандидати за пратеници за шест изборни единици, соопшти попладнево коалицијата.

Во првата ИЕ носител на листата е претседателот на ДС, Павле Трајанов, а во втората, претседателот на ФРОДЕМ Јове Кекеновски. Во третата изборна единица прва на листата е Весна Стоименовска од Демократски сојуз, четвртата Слободан Богоевски којшто, според соопштението од коалицијата, е непартиски кандидат, петтата Александар Делов од ФРОДЕМ, а шестата Бранко Мајсторовски од Моро - РП. 

Од Коалицијата за промени и правда информираат дека на листите има кандидати за пратеници од различни професии, социјални структури, но и од повеќе етнички заедници. На листите, истакнуваат има 48 жени.