Коалицијата ВМРО за Македонија ги промовираше кандидатите за пратеници
Коалицијата ВМРО за Македонија на ВМРО - Народна партија, Обединети за Македонија и Достоинство вечерва на конвенција во Македонската опера и балет ги претстави кандидатите за пратеници на претстојните парламентарни избори.
Носител на првата изборна единица ќе биде Ден Дончев, двојката ќе ја предводи Љупчо Балковски, а во третата Изборна единица носител ќе биде лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов. Четворката ќе ја предводи лидерот на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски, петката лидерот на ОМ, Љубе Бошкоски, шестата Зоран Велковски, а седмата Стојадин Наумовски.
- Да ги заштитиме интересите на автентичното членство на ВМРО кое сме го граделе со демократија, чесност и патриотизам, да ја вратиме правдата за сите граѓани, да ги ослободиме судовите и институциите, да го вратиме владеењето на правото, рече Дончев во обраќањето на конвенцијата.
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи