Македонија
14. September 2018 - 10:10

Книжевни настапи на Стефан Марковски во Шпанија

Писателот Стефан Марковски имаше книжевни настапи во Шпанија на 10-ти и 13 септември, во библиотеките во Сан Себастијан и Сан Хуан.  

Пред баскиските, односно шпанските писатели и читатели, македонскиот книжевник одржа предавања фокусирани на запознавање со македонската култура и тековите на современата македонска литература, а прочита и извадоци од своето творештво на македонски и на англиски јазик.

Книжевните настапи на Марковски се во рамки на резиденцијалниот престој во Сан Себастијан, кој е дел од проектот „Other Words“, делумно спонзориран од програмата „Креативна Европа“ на ЕУ. Македонски партнер е Форумот на млади од Битола.