Книга со интервјуа „Армија на мирот“ по повод 25 години АРМ
Во чест на 25-годишнината од формирањето на Армијата на Република Македонија, деновиве беше објавена „Армија на мирот“ - заедничка книга на новинарот и публицист Свето Стаменов и проф. д-р Трајан Гоцевски, универзитетски професор и министер за одбрана во првата влада на независна Република Македонија.
Книгата содржи девет интервјуа емитувани на програмите на Македонското радио – Радио Скопје во изминатите неколку години, посветени на формирањето и на развојот на македонската армија.
- Таа е и еден вид своевидна исповед и сведоштво на еден од најодговорните луѓе на македонската одбрана во периодот на осамостојувањето на Република Македонија и создавањето на самостојниот македонски одбранбен систем и на неговата оружена компонента – Армијата на Република Македонија, чие формирање беше неопходен услов Република Македонија да профункционира како самостојна и независна држава. Токму тоа на книгата и дава уште поголема тежина, до толку повеќе што една продлабочена анализа на содржината на интервјуата покажува дека станува збор за своевидна хронолошка анализа на настаните, поткрепена со научна аргументација и документирана со оригинални сознанија за дел од настаните во кои еден од авторите бил учесник, а во најголем дел и креатор на процесите, изјави авторот Стаменов.
По „Македонски безбедносни лавиринти“, која беше објавена во 2015 година, „Армија на мирот“ е втора заедничка книга на Свето Стаменов и Трајан Гоцевски.
Ново на Сител
-
Гренел: Итна истрага за експлозијата на каналот Ибар-Лепенец
-
РКЕ утре се очекува да ја соопшти цената на струјата што ќе важи од јануари
-
Прегазен 60-годишен пешак во Јегуновце
-
Делчево: Тешко повреден млад возач кој удрил во паркиран автомобил
-
19-годишник со „тојота“ прегазил пешак
-
Хамас соопшти дека е подготвен да разговара за прекин на огнот во Газа
-
Лазаров по пласманот во осминафиналето на Европскиот куп: Тоа беше нашата зацртана цел и ја остваривме
-
Трамп им се заканува на членките на БРИКС со 100% царини доколку работат на поткопување на доларот