Македонија
21. December 2016 - 13:48

Книга на жалост за жртвите од терористичкиот напад во Берлин

Германската амбасада во Скопје отвори книга на жалост за сочувство за жртвите од терористичкиот напад во Берлин што се случи пред два дена.

- Јавноста ќе има можност да го изрази своето сочувство во просториите на германската Амбасада од 21 до 22 декември 2016 година од 09 до 16 часот, а на 23 декември 2016 година од 09 до 12 часот, информираат од Амбасадата.