Клуге: Омикрон може да стави крај на пандемијата на Ковид во Европа, но можни се изненадувања
Омикрон означи почеток на нова фаза на пандемијата на коронавирус, а можеби и нејзин крај во Европа изјави шефот на европскиот огранок на Светската здравствена организациа Ханс Клуге.
„Очекуваме мирен период, но кон крајот на годината Ковид-19 би можел да се врати, но не обврзно како пандемија. По падот на бројот на нови случаи на северо-истокот на САД можен е пресврт и во целата држава, иако не би требало да бидеме претерано мирни“ – вели првиот човек на европскиот огранок на СЗО.
Сепак тој потенцира дека е премногу рано за Ковид-19 да биде прогласена за ендемска болест како грипот.
„Многу се зборува за ендемија, но ендемија значи дека можете да предвидите како ќе се развиваат работите. Вирусот веќе неколку пати не изненади па мора да бидеме внимателни. Омикрон се шири многу брзо, а би можеле да се појават и нови варијанти“ – нагласува Клуге.
Со оглед дека омикрон премногу брзо се шири, според Клуге, европските земји не треба да се форкусираат на запирање на трансмисијата туку треба да настојуваат да го намалат ударот кон болниците, училиштата и стопанството.
„Стабилизацијата на здравствениот систем не значи дека болниците нема да бидат полни, туку да се овозможи да можат да пружат основна заштита за други заболувања како што се карциномот и кардиоваскуларните болести“ – вели Клуге.
Ново на Сител
-
За еден месец изгорени над 400 хектари шума во Националниот парк Шар Планина
-
Во март зголемени потрошувачките, станбените, автомобилските и кредитите на тековните сметки
-
Приведен 20-годишник кој бил баран со потерница поради бегство од Затворот Гевгелија
-
Боки 13 бара повторено судење за „Рекет“ - има докази со кои ќе покаже каде завршиле парите од чантата Луј Витон
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев
-
Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак кој соработувал со Русите
-
Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС - прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп