Бизнис
25. April 2019 - 19:36

Клучот на економскиот раст и напредок е квалификуван кадар, преку средно стручно школо

Клучот за побрз економскиот раст на земјава е квалификуваниот кадар, сметаат бизнисмените. Стручното образование е важно и за младите да ги добијат потребните вештини, но и за фирмите полесно да најдат работници. Стопанството веќе подолго време алармира дека не може да го најде потребниот кадар, а младите кои излегуваат на пазарот на труд не ги задоволуваат потребите на фирмите.

Министерот Адеми ги повика идните средношколци да се запишат во стручните училишта бидејќи на тој начин многу полесно ќе можат да го продолжат своето образование или да најдат работа.

9 ученици и ментори од стручните школи во земјава добија награди од натпреварот „Лидер на струка“. Средношколците сметаат дека токму стручното образование ги подготвува за полесно да се снајдат на пазарот на труд.

Според огласите на Агенција за вработување, најбарани се келнери, магационери, продавачи, шофери, шивачи....