Македонија
3. March 2020 - 16:50

Клучниот сведок за случајот ,,Титаник 3‘‘ сведочеше преку видео врска од Германија

Клучниот сведок во Титаник 3 сведочеше реку вибер комуникација од Германија. Ремзие Беслимовска која на локалните избори во 2013та била член на изборната комисија во Чаир, одговарајќи на прашањата на обвинителката Фетаи ги раскажа дејствијата кои тој ден ги превземале обвинетите Ејуп Алими и Исмет Гури.

По завршувањето на гласањето Ејуп Алими и Исмет Гури повеќе пати влегоа и излегоа од просторијата за статистика. Во еден наврат влегоа и прашаа дали овде може да се прават далавери, откако ние рековме не,  по некое време Ејуп Алими зема дел од записниците и ги сокри под јакната. По некое време се вратија во просторијата, ги донесоа записниците што ги зедоа. Јас ништо не им кажав, ми беше страв бидејќи и двајцата беа јаки во партијата, сведочеше Беслимовска.

Според адвокатот на Ејуп Алими ваквото сведочење е контрадикторно за што тие до судот доставија и графолошко вештачење со кое тврдат дека записниците воопшто не биле менувани. Обвинителката Фетаи вели дека овие вештачења не ја менуваат суштината на исказот на клучпниот сведок во постапката.

Со сведочењето на Беслимовска денеска заврши и доказната постапка за Титаник 3. На следното рочиште закажано за 16 март обвинителството и одбраната ќе дадат завршни зборови по што по цели 2 години ќе следи и пресуда. Ејуп Алими и Исмет Гури се товарат за уништување изборни материјали во 2013та.