Бизнис
8. February 2020 - 16:42

Клуч на врата за спортските обложувалници очекува Асоцијацијата од новото законско решение

Близу 8.000 работници ќе останата без работа  со предлог измените во закон за игри на среќа, предупредуваат од асоцијацијата на спортски обложувалници.

Велат дека со барањето тие  да се дислоцираат на три километри надвор од населено место се предвидува  целосно затворање на оваа индустрија, а државата би изгубила над 250 милиони евра пари кои секоја година  по основ на даноци се влеваат во буџетот. 

Од асоцијацијата на обложувалници  се согласуваат да има регулатива  по која би работела оваа дејност,  но не да се воведуваат  ригорозни мерки што би значеле буквално  затворање на обложувалниците.

Граѓаните пак контра обложувалниците. Сметаат дека ги има премногу и треба да се дислоцираат што подалеку од  градот и од младите.

Предлог измените се веќе во собрание,  се чека да бидат изгласани  по скратена постапка.

Во земјава има околу 700 тини  обложувалници кои работат активно. Најголем дел од нив се во Скопје. Просечната плата која ја добиваа вработените  е околу 20 илјади денари, но од асоцијацијата велат дека има обложувалници каде примањата се и  многу повисоки.