Кошарка
15. November 2016 - 14:41

Клубската кошарка стартува на 19.ноември

Македонската кошаркарска федерација (МКФ), потврди дека во понеделникот ја добила потврдата на Здружението на клубови од Првата лига, дека поголем дел од клубовите го прифатиле предлогот домашното првенство да започне на 19.ноември.
 
„МКФ сака да им изрази благодарност на сите клубови од Првата лига што со една ваква одлука ќе помогнат кошарката веќе да не е заложник на некои други интереси, туку да се врати на позициите кои ги има во нашиот спорт. Се надеваме и сметаме дека доцнењето на стартот на Првата лига од триесеттина дена нема да претставува проблем за клубовите ниту во календарот на натпреварување“, стои во дел од соопштението кое МКФ го објави на својата официјална страница.