Loading Video...
Кошарка
19. March 2020 - 19:15

Клубовите ќе одлучат за судбината на кошаркарското првенство

Веќе пет држави прогласија  шампиони во националните кошаркарски првенство врз база на моменталниот пласман.  Епилог кој може да го очекуваме и во македонската кошарка.

            Денеска челниците на федерацијата одржаа состанок по видео-врска со претставниците на клубовите од домашното првенство по што е договорено најдоцна до утре до 12ч да сите клубови од Првата лига мажи достават писмен предлог или размислување како да финишира домашниот шампионат. По разгледувањето на ставовите на прволигашите, во најкраток рок, во координација со ФИБА, раководството  ќе донесе и конечна одлука околу тоа како, и дали ќе се реализира натпреварувањето во Првата лига за сезоната 2019/2020“, известија од КФСМ.

            Да потсетиме доколку се тргне по патот на останатите првенства од европа кои веќе прогласија шампиони тогаш во надобра позиција е МЗТ Скопје и актуелниот шампион со тоа би ја одбранил титулата.