Фудбал
28. July 2016 - 10:20

Клубот на нарко босот Пабло Ескобар го освои Копа Либертадорес

Фудбалерите на Атлетико Насионал од Колумбија ја освоија јужноамериканската лига на шампиони, позната како Копа Либертадорес.
 
Клубот од Меделин, кого го нарекуваат и клуб на нарко босот Пабло Ескобар, ја освои втората титула во Копа Лиобертадорес во клупската историја. Првата титула Атлетико ја освои во 1985 година, а таа заврши токму во рацете на озлогласениот нарко бос Ескобар.
 
Атлетико во финалниот двомеч со вкупни 2-1 го победи преставникот на Еквадор, Индепендијенте Дел Ваље.
 
Откако првиот меч во Еквадор заврши без победник 1-1, во реваншот Атлетико победи со 1-0, а стрелец на единствениот гол беше Михел Борха во деветтата минута.