-->
-->
Клопчето се одмотува: Јелена имала сина тренерка и се расправала со нејзиниот сопруг пред трагедијата, а потоа ги изговорила овие последни зборови
-->
Обвинението со кое Зоран Маријановиќ се товари за убиство на сопругата кое се случи на 2. април 2016 година врз основа на неколкуте сведоци доведува до сомнеж.
Во таа смисла, посебно значајни биле сведоците кои ги виделе Зоран, Јелена и Јана токму на тој кобен ден кои биле сведоци на нивните движења и на меѓусебниот однос непосередно пред злосторството.
Еден од сведоците дури и детално раскажал:
- Јелена имаше „ сини патики“, а горната тренерка исто така беше сина, а Зоран беше облечен во црна кожна јакна, беше неизбричен и имаше долга коса,а утредента кога го видов не го препознав, беше уредно избричен и пострижен, раскажал сведокот.
Во еден момент, како што вели, слушнал како парот почнал да се расправа.
- Јелена и Зоран разговараа, па потоа започнаа со висок тон да се расправаат, па така успеав да сфатам што таа му рече: „ Ти тоа не го разбираш“, вели сведокот.
Зоран, Јелена и Јана на таа локација се задржале околу 1 час, а потоа тргнале накај насипот, раскажува сведокот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка