Фудбал
31. December 2020 - 9:36

Клоп по ремито со Њукасл: Многу добра игра, но не и резултат

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп ги сумираше впечатоците од синоќешниот натпревар со Њукасл (1:1) во 16. коло на шампионатот на Англија.

– Само добри екипи играат во Премиер лигата. Ние имавме одлични шанси за гол. Противниците се силни и ова се случува редовно. Можеме да играме подобро, но на овој натпревар направивме повеќе од доволно за да победиме. Имавме, се чини, четири сто проценти шанси. Порано го победувавме Њукасл дури и со помалку шанси за гол. Денес не успеавме. Задоволен сум од она што го видов, но не од резултатот, изјави Клоп.

Посочи на фрустрацијата кај неговите избраници.

– Нормално е да се разочарани по ваков резултат. Сепак, им напоменав дека играта беше добра и дека нема место за тагување, додаде Клоп.

По 16 одиграни натпревари во Премиер лигата, Ливерпул има 33 бода и е лидер на табелата.