Фудбал
17. October 2020 - 19:58

Клоп бара објаснување за поништениот гол

Евертон и Ливерпул, во петтото коло, одиграа 2:2 во на „Мерсисајд“ дербито.
 
Актуелниот шампион притив лидерот во Премиер лигата два пати водеше на „Гудисон“ меѓутоа ВАР го „спаси“ Евертон од пораз.
 
Ливерпул по 135 секунди го шокираше противникот. Акцијата на Робертсон по левата страна добро ја испрати Мане кој со силен удар го совлада Пикфорд.
 
Во 10 минута Ливерпул остана без капитенот Ван Дајк кој се повреди по еден дуел со голманот Пикфорд. ВАР пресуди дека на почетокот на акцијата на Ливерпул имало офсајд, во спротивно стартот на Пикфорд ќе беше окарактеризиран како пенал.
 
Евертон израмни во 19 минута преки Кин. Дефанзивеџот на „карамелите“ беше највисок во скокот пред голот на Ливерпул по корнерот на Хамес Родригез.
 
Предноста Ливерпул ја врати во 72 минута, кога Салах ја искористи лошата интервенција на Мина и го постигна својот 100 гол во дресот на Ливерпул. Дуелот со Евертон беше 159 за Египќанецот во црвениот дрес.
 
Десет минути подоцна Калверт-Лувин скокна повисоко од Гомез и го израмни резултатот. Напаѓачот на Евертон го постигна својот седми гол во Премиер лигата од почетокот на сезоната.
 
Евертон во 87 минута остана со играч помалку на теренот. Црвен картон доби Ришарлисон поради дивјачкиот старт врз Алкантара.
 
ВАР беше активен во 93 минута кога му ја „украде“ победата на Ливерпул. Хендерсон постигна гол за 2:3 меѓутоа во акцијата која му претходеше на голот Мене беше во милиметарски офсајд.