Loading Video...
Кошарка
1. February 2018 - 13:53

Кливленд „тесно„ против Мајами, а Бостон убедлив против Њујорк

Од синоќешните натпревари одиграни во НБА лигата ги издвојуваме победите на Кливленд и Бостон.

Вицепрвакот, Кливленд ја прекина серијата порази и конечно ја израдува домашната публика. „Кавси“ во неизвесен меч беа подобри од Мајами со 91-89. Покрај 24 поени Леброн Џејмс беше клучен играч и при последниот напад на „Хитси“ односно Џонсо, кому не му дозволи да го израмни резултатот. 

Кај гостите се истакнаа Горан Драгиќ со 18 и Џош Ричардсон со 15 поени 

Бостон оствари нова победа пред својата публика, и тоа убедлива со 30-поени разлика 109-73 во дуелот со „лутиот ривал“ Њујорк 

Тери Розир го оствари првиот „трипл-дабл“ во својата кариера. Тој го замени Кајри Ирвинг кој поради повреда го пропушти овој меч, па Розир средбата ја заврши со 17 поени, 11 скока и 10 асистенции.