Loading Video...
Кошарка
28. May 2018 - 13:22

Кливленд обезбеди место во големото НБА финале

Екипата на Кливленд е првиот тим кој обезбеди место во големото НБА финале
 
Актуелниот вицепрвак Кливленд славеше триумф на гостувањето во „ТД Гарден“ кај Бостон со 87-79 во решавачкиот седми натпревар од источното финале и со конечни 4-3 во победи обезбеди пласман во големото финале.
 
Леброн Џејмс одново беше прв играч на мечот завршувајќи го со дабл-дабл учинок. Тој го одигра сите 48 минути, за кои постигна 35 поени, надополнети со 15 скока и 9 асистенции. 
 
Со тоа Леброн се избори за своето осмо финале во низа, а вкупно деветто во кариерата (пет со Кливленд и четири со Мајами). 
 
Дали Кливленд четврти пат во низа за шампионскиот трофеј ќе се бори со Голден Стејт останува да се види ноќеска за кога е закажана мајсторката меѓу „Воините“ и „Ракетите“ која ќе се игра во Хјустон со почеток од 3 часот по македонско време.