Loading Video...
Кошарка
22. May 2018 - 13:33

Кливленд израмни на 2-2 во дуелите со Бостон

 
 
Вицепрвакот Кливленд го израмни резултатот на 2-2 во победи во финалето од Источната конференција на НБА плејофот против Бостон. 
 
Откако селтикси ги добија првите две средби на домашен терен, тоа го сторија и „кавси“ кои ноќеска со триумфот од 111-102 ја остварија втората победа пред своите навивачи. 
 
Леброн Џејмс уште еднаш го предводеше Кливленд до триумф завршувајќи ја средбата со 44 поени .
 
Серијата подобар до четири победи се сели во Бостон каде ќе се игра петтиот меч.