Loading Video...
Кошарка
21. November 2019 - 14:56

„Клиперси“ по продолжение го победија Бостон

Во дерби дуелот од синоќешната програма во НБА лигата одигран во Лос Анџелес, домашниот тим на Клиперси дури по продолжение го совладаа Бостон 
 
До третата последователна победа, вкипно 11-та сезонава „Клиперси“ стигнаа со триумфот од 107-104, во кој Лоу Вилијамс со 27 поени беше најефикасен во победничката екипа, за која Пол Џорџ постигна 25, а Каваи Ленард 17 поени, додека во поразените „Селитикси“, но воедно и најефикасен на мечот беше Џејсон Тејтум со 30 поени 
 
Интересен меч се одигра и во Денвер, каде домаќините предводени од Србинот, Никола Јокиќ кој имаше дабл-дабл учинок со 27 поени и 12 скокови го победија фаворизираниот Хјустон со 105-95. 
 
Со тоа „Нагетси“ ја прекинаа низата од осум победи на „Ракетите“ на кои не им помогна ниту тандемот Џејмс Харден и Расел Вестбрук кои постигнаа 27 односно 25 поени, да го избегнат четвртиот пораз сезонава.