Loading Video...
Кошарка
16. April 2019 - 15:39

„Клиперси„ го изненадија шампионот Голден Стејт

 
Во НБА плејофот, ноќеска беа одигран и два натпревари од првата рунда. 
 
Тимот на Лос Анџелес „Клиперс“ направи неверојатен пресврт во дуелот против шампионот Голден Стејт и го израмни резултатот на 1-1 во победи во осминафиналето на Западната конференција. 
 
Иако „Воините“ на почетокот на второто полувреме имаа и 31 поен (94:63), сепак составот од ЛА, не се предаде, па на крајот забележа победа со 135:131. Лу Вилијамс со 36 и Харел кој придодаде 25 поени ги предводеа „клиперси“ до оваа победа, додека кај домаќините Кари постигна 29, а Дурант 21 поен. Сега серијата подобар до четири победи се сели во Лос Анџелес каде што во четвртокот ќе се игра третиот меч.
 
Во вториот натпревар синоќа, но во Источната конференција, Филаделфија не дозволи ново изненадување па со победата со 145:123 над Бруклин го израмни резултатот на 1-1 во победи. Бен Сајмонс ја предводеше Филаделфија до победата со трипл-дабл постигнувајќи 18 поени, а имаше и 12 асистенции и 10 скокови, додека Џоел Ембид заврши со дабл-дабл со 23 поени и 10 скокови. Следните два меча се играат во Њујорк, а првиот од нив на програмата е во четврток.