Свет
4. January 2017 - 11:23

Клинтонови ќе присуствуваат на инаугурацијата на Трамп

Поранешната претседателска кандидатка на американските демократи Хилари Клинтон и нејзиниот сопруг Бил Клинтон, планират да присуствуваат на инаугурацијата на Доналд Трамп за претседател на САД, закажана за 20 јануари 2017 година, соопштија нивни соработници.

Најавата дека некогашниот американски претседател и поранешната државна секретарка ќе присуствуваат на инаугурацијата на Трамп, следеше набрзо откако канцеларијата на наследникот на Клинтон на претседателската функција, Џорџ Буш помладиот, соопшти дека тој и неговата сопруга Лора ќе се појават на церемонијата.