Свет
21. September 2016 - 12:33

Клинтон троши дневно во кампањата и по 645 илјади долари повеќе од Трамп

Кандидатката на демократите за претседател на САД, Хилари Клинтон минатиот месец потрошила 645.000 долари дневно повеќе од нејзиниот републикански ривал Доналд Трамп.Иако и со кампања вредна 50 милиони долари таа не успева да се оддалечи од него во анкетите во трката за Белата куќа, наведуваат американски медиуми.

Кампањата Клинтон имала најскап месец досега во август – 12 милиони долари повеќе отколку во јули. Таа и Демократската партија во август потрошиле 78 милиони долари додека Трамп и Републиканскиот национален комитет потрошиле околу 47 милиони долари.

Клинтон во август покрила 11 сојузни држави со 35.714 тв-реклами додека 7.457 реклами на Трамп се емитувани во пет сојузни држави.

Тимот на Клинтон има околу 800 луѓе за кои минатиот месец се одвоени околу 5 милиони долари. Трамп има околу 130 вработени во кампањата и повеќе од 100 консултанти.