Свет
27. May 2016 - 10:11

Клинтон: Извештајот од ревизијата во Стејт департментот за електронските пораки нема да влијае на мојата кампања

Хилари Клинтон  синоќа  изјави дека нејзината кампања за добивање на кандидатурата на Демократската партија за учество во претседателската трка нема да трпи поради извештајот од внатрешната ревизија во Стејт департментот.

Во извештајот се заклучува дека додека била државен секретар, Клинтон користела за државни потреби личен меил за пораки, со што ги прекршила владините правила за безбедност.

Во интервју за ТВ мрежата Ем-Ес-Ен-Би-Си, таа рече дека правилата за користење на електронска пошта биле „нејасни" до моментот кога го напуштила Стејт департментот во 2013 година.