Климкин: Русија ги обучувала џихадистите од ИД
Украинскиот министер за надворешни работи Павло Климкин ја обвини синоќа Русија дека ги обучува џихадистите на Исламска држава (ИД).
- Голем број од оние, кои сега се на страната на ИД, се поранешни војници од армијата на Садам. Русија одлично го познава нивниот менталитет, а значителен дел од нив таа и ги обучувала, изјави Климкин, коментирајќи ја политиката на Москва на Блискиот исток.
Руски медиуми објавуваат дека Москва често повикува на неопходност од борба против ИД. Рускиот претседател Владимир Путин на средбата на врвот на Организацијата на Договорот за колективна безбедност истакна дека Русија ќе продолжи воено-технички да му помага на Дамаск во борбата против џихадистите. Тој ги повика сите земји да ги поддржат сириските власти во борбата против тероризмот.
Ново на Сител
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците