Климатските промени тема на првата сесија на Работната група за животна средина од НКЕУ-МК
„Климатски промени: Глобалните предизвици и националните можности“ е тема на првата сесија на Работната група 5 (Животна средина – Поглавје 27) од Националната конвенција за Европската Унија во Република Македонија (НКЕУ-МК), која ќе се одржи денеска во Скопје.
На сесијата, според организаторите, воведно обраќање ќе имаат министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини и претседателката на Европското движење на Македонија, проф. д-р Милева Ѓуровска, а ќе учествува и директорот на Одделението за активности на емисија од Директоратот за климатски промени при Министерството за животна средина на Словачка, Милан Звара, кој споделувајќи го своето искуство од овој процес, ќе укаже на виталните преговарачки прашања од Поглавјето 27.
– Првата сесија ќе биде посветена на климатските промени, имајќи го предвид зголемениот интерес за справување со оваа проблематика и во нашиот национален контекст, како држава – кандидатка за членство во ЕУ со обврска да го имплементира европското законодавство, политики и стратегии за градење на т.н. климатски отпорно општество со пониско ниво на јаглеродна емисија. Дел од обврските се однесуваат на известување за климатските промени, креирање оперативни климатски политики, унапредување на јавната свест за позитивните долгорочни резултати од климатските акции како што се енергетските заштеди, развојот на т.н. зелена економија, бенефити поврзани со здравјето), како и вклучување на јавноста во процесите на промените поврзани со климата и нивно вклучување во сите нивоа на образование, наведува Ѓуровска која е и координаторка на НКЕУ-МК.
На работната сесија ќе биде презентирана и експертска анализа како и препораки во областа на животната средина.
Ново на Сител
-
Анкета: Ако сега се одржат избори 16 отсто од избирачите би гласале за Зеленски, а 27 отсто за Залужни
-
Велика Британија со построги санкции против работодавците кои ги експлоатираат странците
-
Од утре претежно облачно со врнежи од дожд и снег
-
Русија врати седум украински деца со посредство на Катар
-
Ем земале социјална помош ем воделе луксузен живот, брачен пар од Штип организирал интернет коцкање
-
Криминална организација во Грција преку телефонски измами се стекнала со речиси три милиони евра
-
Пронајдени пушки и муниција во Десово
-
22-годишна девојка прегазена вчера во Скопје