Македонија
3. November 2019 - 19:43

Климатските промени потпомогнати од човечкиот фактор предизвикуваат сериозни последици

Климатските промени претставуваат сериозна закана за општеството. Во последните години особено се чувствува промената на климата во земјава со  температурните осцилации кои станаа редовна појава, поројните дождови и суши .

Добрите познавачи велат дека узурпацијата на просторот ,непочитувањето на природните закони ,градење во заштитените подрачја придонесуваат дополнително до нарушување на природните површински подземни води .На тој начин се исцрпуваат природните ресурси, кои влијаат на наглите промени на температурата на водата и водостојот на реките и езерата.

Она што станува сѐ поалармантно, е дека човекот како фактор со своето негативно влијание фрлајќи отпад насекаде ги потпомага климатските промени, а природата враќа како бумеранг.

Експертите велат дека Климатските промени не може да се спречат, но може да се забават ,последиците од нив се особено видливи во земјоделието ,водните ресурси, прехранбената сигурност, и руралното живеење.