Бизнис
10. October 2015 - 20:05

Климатските промени негативно ќе влијаат врз земјоделството

Климатските промени во иднина најмногу ќе го погодат земјоделството а со тоа ќе влијаат директно и врз производството на храната .И покрај тоа што македонските земјоделци веќе користат адаптивни практики за справување сепак и нашата земја нема да остане имуна на климатските влијанија кои го зафатија целиот свет.

Храната во Македонија е безбедна.Контролите кои ги прават надлежните институции но и со донесувањето на законот за безбедност на храната фирмите и производителите ја согледуваат одговорноста и се грижат за нејзиниот квалитет.

На вториот Меѓународен симпозиум експертите од 22 држави ширум светот дискутираа за научните предизвици од областа на земјоделството и храната.