Македонија
9. јуни 2019 - 21:32

Климатските промени ќе влијаат на охридското езеро

Климатските промени го загрозуваат охридското езеро.Екстремните временски услови како студени зими ,поројни дождови и суши негативно влијаат врз водниот басен. Според експертите потребно е да  се внимава на просторното планирање и инфраструктурните зафати покрај самиот брег кои претствуваат сериозна закана за езерото.Една од препораките на Унеско беше да се прогласи мораториум на секакви урбани трансофрмации на кејот за да се заштити природното наследство.

Предизвиците со климатските промени се глобални но треба да започнат  да се решаваат на локално ниво. Причината за климатските промени е зголемената емисија на јаглерод диоксид.

Во нашата земја повеќе од 70 проценти од емисиите на јаглероден диоксид доаѓаат од енергетскиот сектор, а тоа не се само двете термоелектрани, тука е и транспортниот сектор и домаќинствата.

Експертите сметаат дека е потребна е долгорочна инстиутционално спроведлива стратегија во насока на креирање одржлива иднина за ублажување и прилагодување на последиците од климатските промени.